Пејачката и водителка Адријана Алачки вчера наполни 52 години. Таа вели дека иако годинава поради зафатеност одбивала да го прослави роденденот, нејзините деца инсистирале да ја организираат роденденската забава.
„Вчера бев работно во Охрид. И кога децата ме прашаа што сакам да правиме им реков- ништо, нема шанса, во хаос сум. Син ми Благоја и ќерката Грациела ми се јавија и ми рекоа: „Во 20 часот роденденска забава. Присуство задолжително“. И кога ќе ги доживееш овие работи ќе сфатиш колку си богат човек. Децата и внуката Јана ме враќаат во живот. Тие се мојата највредна инвестиција“, изјави Алачки за женски магазин