Франц од “Нокаут“ стана татко (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешниот член на Нокаут,  Владимир Крстевски- Франц стана татко.

На својот Фејсбук профил, објави дека на први јуни, неговата сопруга Ема ја родила ќерката Мелоди.

-На 1 јуни се роди мојата ќерка Мелоди Франц Крстевски. И посакувам добредојде на овој свет. Нашите срца се преполни со љубов и благодарам бескрајно за убавите честитки, напиша Франц.

Инаку, некогашниот гитарист и еден од основачите на групата „Нокаут“  веќе со години е надвор од Македонија и сега живее со својата сопруга Ема во САД.

 

останати вести