Даниел Шишкарев се пошегува кога го доби микрофонот на големиот пречек во Скопје и кажа дека сака да стане Македонец, но не му давале пасош.
-Сакам да станам Македонец, ама не ми даваат уште пасош. Јас го барам една година, ама тие не сакаат да ми дадат. Луѓе ви честитам. Ова е голема победа за нас, за вас, за цела Македонија. Еден живот, една љубов,- рече Шишкарев.
Инаку, руското крило е еден од осуммината кои во својата колекција има две европски титули во три години во вардаровиот дрес. На социјалните мрежи веќе започнаа петиции по брза постапка да му се даде македонски пасош на Шишкарев.