Коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, станаа вистински херои заедно со ракометарите на Вардар. Со своите коментари од Келн во кои отворено навиваа за европските шампиони ги здобија симпатиите на целокупната македонска јавност.
По тој повод “Арена Спорт“ телевизија одлучи да врши директен пренос од дочекот на Вардар на скопскиот плоштад “ Македонија“. Преносот е закажан за 21.30 часот, на “Арена Спорт 2“. Токму оваа информација на својот Фејсбук профил ја сподели еден од коментаторите Стеван Стевановиќ.
Инаку, според последните информации авионот со европските шампиони во кој ќе бидат и двајцата коментари Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ се очекува на скопскиот аеродром да слета во 20.30 часот