Бизнисменот Орце Камчев синоќа во живо го гледал европското првенство во Келн, Германија, иако неговиот пасош беше одземен како мерка на претпазливост, како осомничен во случајот „Империја“. Од Основниот суд Скопје 1 појаснуваат дека по одлука на судија на претходна постапка, Камчев добил дозвола за времен пасош, а по претходно позитивно мислење на СЈО.
СЈО во одговорот за САКАМДАКАЖАМ.МК вели:
„На втори мај 2019 година до Специјалното обвинителство е доставен предлог да се даде дозвола за времена патна исправа на осомничениот Камчев. Таа дозвола СЈО ја даде. Но, до денеска од Основниот суд Скопје 1 го немаме добиено решението дека судија на претходна постапка времено му го вратил пасошот на осомничениот. Патем, остануваат мерките за безбедност против него“.
Орце Камчев до неодамна беше во куќен притвор, а во март со одлука на Врховниот суд беше пуштен да се брани од слобода.