Градоначалникот Петре Шилегов информираше дека ракометарите на Вардар денеска во 18.50 ќе пристигнат во Скопје.
-По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје!
Поаѓаат од Келн попладнево во 16.30. Слетуваат во Скопје во 18.50.
Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби.
Спортот обединува.
-Се гледаме вечерва на градскиот плоштад “Македонија”, напиша Шилегoв.
Инаку, град Скопје ќе ги награди ракометарите со 6.000.000 денари.