Еден од најпопуларните ликови во твитер заедницата и фан на Столе и другарите, скопјанката со профилно име Ле Моник завчера вети дека ако Вардар стане шампион на Европа ќе трча гола по булеварот Партизански одреди. Во меѓувреме „црвено-црните“ си го исполнија своето ветување. Но, профилот „Ле Моник“ на Твитер во моментот не може да биде пронајден. Веројатно девојката се уплаши па го избриша профилот.
Според ветувањето на девојката почетна точка на трчањето на голата Ле Моник ” требаше да биде трговскиот центар “Сити Мол”, а финишот беше предвиден за плоштадот “Македонија“.
„Ако освои Вардар утре ќе трчам гола по Партизанска“, твитна таа, а потоа и додаде:
„Сити мол. Финишот е на плоштад. Ама глеј прво да освоиме пошо ништо од ова“.