Големиот успех на вардарци доаѓа по турбулентен период во кој сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко, пред четвртфиналниот дуел со ПИК Сегед ја извести јавноста дека доколку не добие финансиска поддршка, заминува од Вардар и проектот завршува. Рускиот бизнисмен со својот партнер во клубот, Орце Камчев се појавија на победничкиот пиедестал и добија златни медали.
По мечот во хотелот во Келн, македонските новинари успеаа да дојдат до изјава од Самсонеко кој по она што го кажа, делуваше доста интересно:
„Зошто сте зборуваат за некој крај? Она што е важно сега е дека освоивме две европски титули од можни три. Уште сега треба да работиме на трета титула. Јас секогаш верувам во титули. Беше тешко да се преживее викендов, но сега треба да славиме, потоа ќе зборуваме за други работи. Има многу информации, преговори, но сега тоа не е важно. Сега треба да славиме“, рече Самсоненко.
Оваа негова изјава може многу лесно да делува како знак дека Сергеј се уште не го кажал последното со „црвено-црните“.