Македонскиот ракометен шампион Вардар кој ја освои титулата во Лигата на шампионите ќе се врати во Скопје побогат за 500.000 евра, додека поразениот Веспрем е наградан со 250.000 евра.
Победникот во „малото финале” во мечот за бронза, Барселона доби 150.000 евра, а поразениот Киелце 100.000 евтра.
За многу тимови тоа се годишните буџети, а за некои екипи годишната плата на само еден или двајца играчи. Долги години клубовите бараат таа парична награда да биде зголемена, бидејќи клубовите освен сатисфакцијата повеќе трошат околку што заработуваат.
Инаку, половина милион евра се премалку за да продолжи Вардар во овој тренд, во моментов челниците на клубот имаат долгувања кон ракометарите.