АЈДЕ СИТЕ НА ПЛОШТАД: Мечот меѓу Вардар и Веспрем ќе се гледа на видео-бим во Скопје!

by Тони Зографски

Вардар успеа да направи вистинска сензација во полуфиналето во Лигата на шампиони, откако по негатива од седум гола, стигна до победа од 29-27 против Барселона, па во финале ќе се пресмета против Веспрем.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов реши да ги израдува навививачите на Вардар и македонската јавност, откако на својот профил на Фејсбук објави дека на градскиот плоштад ќе биде поставен видео-бим за следење на мечот меѓу Вардар и Веспрем, кој почнува од 18 часот.

„Градот Скопје, утре на нашиот плоштад, на голем видео бим, организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула.

Ајде масовно сите на плоштад.

Еден е Вардар !!!

Едно е Скопје !!!“, пишува на статусот на Шилегов.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com