Синот на газдата на “Кожувчанка“ Митко Јанчев тешко повреден во сообраќајка

by Тони Зографски

Синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев кој е и сопственик на „Кожувчанка“,  е тешко повреден во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Кавадарци, пренесува „Независен“.

Според информациите до кои дојде „Независен“, четиринаесетгодишното момче се возело на моторцикл, а по несреќата, тоа итно е префрлено во болница.

Инаку, Митко Јанчев до пред неколку месеци беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но беше разрешен поради критиките кон раководството за ставот околу референдумот за името.

останати вести