Изминативе неколку дена главна вест во домашните медиуми е новата музичка двојка на домашната естрада – Антониа Гиговска и Иван Јованов од составот на „Либеро бенд”.
Осумнаесетгодишната пејачка призна дека нејзиното ново момче е Иван кој е 10 години постар од неа.
-Иван е моја најголема поддршка, – вели Антониа за „Бекстејџ“ каде првпат зборуваше за нејзината нова врска.
Инаку, убавата Антониа неодамна славеше матура, и беше придружен вокал на Тамара на Евровизија.