Рап ѕвездата Иги Азалија поминува низ исклучително тежок период, откако нејзините голи фотографии и секс клипче се појавија во јавноста. Освен аматерските материјали на Интернет се појавија и голи фотографии на Иги снимени од екипата на списанието „GQ“. Таа рече дека позирала за насловната страница на списанието но со прикриена голотија. Голите слики биле земени без знаење и дозвола на Иги, знаејќи дека некогаш ќе го видат светот.
„Не можам да поверувам дека овие фотографии не биле избришани веднаш од серверите на списанието. Се чувствувам измамено, луто и засрамено. Во моментов сум со многу негативни емоции.“ вели таа.
Секс клипот кој се појавил паралелно со сликите очигледно е направен од поранешниот вереник на Иги, кошаркарот на Л.А. Лејкерс, Ник Јанг, со кого рап-ѕвездата се раздели во 2015 година.