Легендарниот австриски возач во Формула 1, Ники Лауда, кој почина на 20 мај денес е испратен во вечниот дом, на гробиштата Нојстифтер Фрајдхоф, каде што почива и неговата мајка.
Телото беше изложено до 12 часот, по што следеше религиска миса и приватен погреб. Телото на Лауда ебеше облечено во комбинезон на Ферари, а на капакот беше поставена неговата кацига.
Австриските медиуми пренесуваат дека на последниот поздрав присуствуваа голем број познати имиња од светот на Формула 1, меѓу кои и возачот на Мерцеде, Луис Хамилтон, шефот на организацијата, Берни Еклстоун, првиот човек на тимот на Мерцедес, Тото Волф, Герхард Бергер, Алан Прост како и глумецот Арнолд Шварценегер.