Модната групација „Зара“ е основана од Аманцио Ортега, кој во далечната 1975 година, барајќи име за неговиот прв бутик во Ла Коруња, одлучил да ја нарече „Зорба“, според филмот за Гркот Зорба, објаснува Хесус Ечевариа, еден од директорите на „Зара“ за Њујорк Тајмс.
„Не мислам дека тие сакале да прават историја, туку само дека тоа име им се допаднало. Но, во близина имало бар кој исто така се викал Зорба. Сопственикот на барот дошол и рекол дека работите ќе станат збунувачки ако во близина има две „Зорби“. Бидејќи веќе биле направени калапи за буквите што требало да стојат во знакот, решиле само да ги прегрупираат и да видат што ќе добијат. Добиле „Зара…“