Овен (21.03 – 20.04)
Барате начини за подобра организација на секојдневните активности. Некои од вас ќе бидат насочени кон разубавување на домот. Односите со семејните членови стануваат многу важни; ќе мора да покажете зрелост и стабилност во разговорот со еден од членовите од семејството.
Бик (21.04 – 21.05)
Околностите се одлични, искористете ги во целост. Ако сте емотивно спремни, влетајте во нешто ново без размислување. Можностите сами ќе ви доаѓаат. Енергијата е брза и силна. Ослободете се од сите оние работи што ве ограничуваат и насочете се кон остварување на вашите желби.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате прилика за патување, искористете ја за да се тргнете малку од секојдневието. Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно. Бидете трезвени и одете чекор по чекор со двете нозе на земја.
Рак (22.06 – 22.07)
Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.
Лав (23.07 – 22.08)
Старите љубови и старите партнерства на некаков начин се враќаат во вашиот живот. Не заборавајте дека намената на овие случувања не е обнова на врската или започнување на нешто ново. Космосот создава услови за разрешување на некои нерасчистени прашања. Искористете го мудро следниот период.
Девица (23.08 – 22.09)
Кај вас ќе биде поттикната желбата за напредување, но доколку спаѓате во групата на оние кои не можат да поднесат критика, јасно и гласно ќе кажете се што мислите. Денот е доста поволен за вас, затоа искористете го и искажете ја вашата креативност.
Вага (23.09 – 22.10)
Можеби ќе се зафатите да работите неколку работи одеднаш. Понекогаш ќе ви недостасуваат вистински предизвици бидејќи оние кои секојдневно ги доживувате ќе бидат помалку атрактивни. Нека биде така, но вие и понатаму работете најдобро што можете. Не му верувајте на некој Овен, тој нема искрени намери.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе постојат некои несогласувања со околината. Не трошете енергија во одбрана на своите намери. Игнорирајте ги другите, а следете го она што ви го кажува срцето. Разговарајте со нови лица, нивниот поглед може да биде инспирацијата која ви недостигаше.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Околностите ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги бирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде. Намерата на некоја Водолија да ви се доближи следете ја внимателно.
Јарец (22.12 – 20.01)
На работното место ќе владее хармонија, сите заедно ќе ги извршувате потребните работи во дадениот рок. Вашата дисциплинираност, посветеноста и енергијата ќе бидат заразни. Имајте на ум дека вашиот љубовен живот стагнира, преземете неколку посмели чекори.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не знаете како да го истакнете вашиот успех па постојано барате совети. Некои совети се добронамерни но некои не, внимавајте кој и што ви кажува. Семејството како и секогаш ќе биде вашиот најголем поттикнувач да ги пребродите кризите кои доаѓаат.
Риби (20.02 – 20.03)
Потребна ви е финансиска стабилност, која ќе ја постигнете само ако се фокусирате на неопходните потреби. Соработката и понатаму ќе биде клуч за вашиот успех. Слушајте ги другите, соработувајте, па и тие вас ќе ве поддржат. Некоја Вага ќе побара од вас искрен разговор.