По 18 годишна врска и заедничко свирење и пеење Катерина Брезева и Трајче Бондиков од фолк групата „Соната“ стапија во брак.
Убавата пејачка стана невеста, а за некој месец ќе стане и мајка. Кате сега е во осмиот месец од бременоста, која умешно ја криеше од јавноста.
Убавата вест двојката ја сподели на социјалните мрежи.