Косовскиот премиер Рамуш Харадинај со сопругата Анита вчера биле гости на премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица, Харадинај објави пост на Фејсбук.
,,Заедно со Анита, бевме гости во домот на премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Пријатен разговор, за добрососедство, коректна соработка и заедничка евро-атлантска иднина на двете земји!“-напиша кусо Харадинај.
За оваа посета нема ништо на профилите на социјалните мрежи на премиерот Заев.
Ова не е прва ваква средба меѓу двајцата премиери. Пред неколку месеци Харадинај и Заев имаа неформална средба, но тогаш македонскиот премиер бешее на гостин кај косовскиот.