Не поминаа ни пет минути откако беше објавено дека на 29 јуни ЛГБТИ заедницата на Македонија ќе организира „Парада на годоста“ во Скопје, кога се јавија првите загрижени корисници на социјалните мрежи, кои нели немаат ништо против педери, ама што ќе им гледале децата на улица.
На Фејсбук и Твитер сè уште се објавуваат пресмешни коментари од типот – Педерите се осмо светско чудо, бидејќи иако не можат да имаат деца се размножуваат – или, пак, – не ми е јасно како тоа педерите не можат да имаат деца, а се сè побројни?
Легендарна е пресмешноста на просечниот Македонец, кој повикува на воена парада, каде силни и набилдани мажи во униформа ќе прошетаат по улиците на главниот град, а во исто време тврди дека нема проблем со својата машкост. Македонецот е верник, љубовник, јунак, се плаши од свевишниот, но не потклекнува пред посилниот, а против послабиот нема ништо против се разбира доколку сексуалната ориентација си ја чува за по дома. Македонецот воедно и недвосмислено е син на најславниот војсководец во историјата – Александар Македонски.
Е сега тука е главниот проблем на тезата. Настрана фактот дека помеѓу жителите на Античка Македонија и овие денешни Македонци науката не може да пронајде заедничка нишка, сепак за мене побитен е фактот дека модерните антички македончиња одбиваат да ја прочитаат историјата на своите „прататковци“.
Помеѓу елитата античка истополовите односи биле нормална работа, а биле регулирани со закони. Водени од максимата на Платон – жените се за репродукција, а момчињата за задоволство – предците на денешните педоромрзци, во слободно време се „набивале“ со своите другарчиња. Така било и со нашиот Александар, кој помеѓу два школски часа држени од Аристотел, се „држел“ со лепушкастиот Хефестион, кого покрај храброста во битките го краселе и кадравите локни на косата.
Интересен е уште еден момент од подоцежниот живот на Александар Македонски, кога тој ја освоил Персија и во дворецот на Дариј го начекал евнухот Багоас. Помеѓу двајцата заискриле силни чувства, па по кратко Багоас бил единствениот присутен дворјанин за време на утринските купки на Македонецот. Неговите соборци биле бесни на блискоста со Багоас, но не поради хомосексуалните односи на Александар, туку поради тоа што моќта на евнухот нагло пораснала, па тој важел за владател од сенка.
Да бидам фер и да дополнам дека Александар имал и жени за љубовнички и дури три пати се женел, а со сигурност може да се потврди дека оставил барем еден машки наследник.
Денеска некој ќе рече дека тој бил хомосексуалец или бисексуалец, сепак и тоа е погрешно. Во негово време не постоеле такви класификации на сексуалноста, туку едноставно луѓето биле водени од сопствениот Ерос и од моменталните можности за секс. На свадба се „шмекале“ другарките на невестата, а во воениот камп синот на генералот.
Затоа драги и горди Македонци, наместо да пишувате „смрт за педери“, облечете ги вашите униформи на антички војници купени на тезгите во Паралија и гордо во духот на традицијата, застанете на чело на поворката и предводете ја „Парадата на гордоста“. Само така ќе станете едно со Александар, кој пред 2300 години на сличен начин парадирал со својата војска, составена од „копјаници“.
(преземено од Фејсбук)