Откако нашата Тамара преку својот Инстаграм профил не информира дека поради грешка во гласањето на белоруското жири, таа е прва од гласовите на стручното жири, а според публиката е на 7 место на овогодишниот Евросонг, се огласи преку својот Инстаграм профил македонската водителка Снеже Велков.
Таа во кратките приказни на Инстаграм прво сподели фотографија од гласањето во саботата, па во описот напиша:
„Значи да се потсетиме, први сме“.
Потоа, таа се пошегува на сметка на белоруското жири објавувајќи фотографија со објаснување:
„Ало, ај донесете ми го Белорусинот што утнал гласови…со кечап и мајонез“ се пошегува Снеже во нејзин стил.