Вниманието на јавноста го привлече во далечната 2001 година, кога почна да работи за „Плејбој“. Година дена подоцна се омажи за раперот Ајс Ти. Ова атрактивна русокоса има српско потекло, а кариерата ја започна пред 20 години како модел за долна облека и костими за капење.
Заедно со својот сопруг беше ѕвезда во реалното шоу “Ice love Coco””.
Парот минатата година доби и ќеркичка, а јавноста ја шокираа кога на 14 месечна возраст на нејзината ќеркичка и облекле мали штикли.
Инаку, Коко пред неколку години на нејзиниот официјален Твитер профил напиша дека е Србинка.