Пејачот Милан Станковиќ имал тажно и несреќно детство. Имено, брзо по неговото раѓање татко му Горан убил човек. Поточно, тој убил колега од работа пред повеќе од 30 години заради што бил осуден на повеќегодишна затворска казна. После пет години тој починал под неразјаснети околности во затворот. На семејство му било јавено дека загинал така што паднал од скеле, но тие и денес не веруваат во тоа.
„Имав само пет месеци кога мојот татко отиде во затвор. Затоа и не се сеќавам на него, но низ глава ми минуваат слики од посетите во затворот. Никогаш не сум имал чувство дека имам татко, туку некој чичко кој повремено сум го гледал. Мојот татко поради долг убил некој човек со кого работел во пекара. По пет години во затворот ни соопштија дека паднал од скеле и загинал, но не верувам во тоа. Мислам дека се работи за крвна одмазда.
Не знам каков би бил да растев во татко, но секогаш се чувствував инфериорно. Кога во друштво ќе кажев дека немам татко предизвикував сожалување, како јас да сум виновен што тоа е така. Најтешко ми паѓаа писмата кои ги праќаше од затворот. Еднаш случајно ги најдов и бев целосно изгубен. Знаев дека не можев да го вратам. Почувствував колку секое писмо му е поинакво, во некои препознавав очај, а понекогаш оптимизам.
Мајка ми и покрај се ме издржуваше и се бореше за мене и сестра ми. Работеше во трафика, пеглаше, чистеше по куќи. Често позајмуваше пари, – раскажа Станковиќ кој денес е една од најголемите ѕвезди во соседството.