РОДИТЕЛИ ОД ТЕТОВО ВО ПАНИКА: Шестгодишно дете исчезнало додека играло на лулашка

by Тони Зографски

Во Секторот за внатрешни работи во Тетово жител на Прилеп пријавил дека  е исчезнато неговото шестгодишно дете.

– Дваесет и деветгодишниот Е.М. од Прилеп во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавил дека додека играл на лулашките во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, наеднаш се изгубил нивниот шестгодишен син, – информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Прилепчанецот во полицијата истакнал дека од саботата до понеделникот заедно со сопругата го барале детето, па потоа се одлучиле да го пријават исчезнувањето.

– Според исказот, тројцата членови на семејството времено дошле во Тетово од Прилеп. Во Тетовско престојувале десетина дена и работеле на собирање на старо железо, информираат од СВР Тетово.

Оттаму соопштија дека се преземаат повеќе мерки со цел да добијат повеќе информации и да се најде детето.

останати вести