Тијана Дапчевиќ им одговори на сите “хејтери“ кои со денови ја бомбардираа со разни прашања откако измината недела таа навиваше за сестра и Тамара на Евросонгот во Израел. Тијана на социјалните мрежи напиша подолг статус:
Тијана , зошто толку пишуваш за сестра ти?, -Каква Северна Македонија???Не пишувај така , подобро остани во Србија? – Зошто не се вратиш во таа Македонија која веќе толку ја сакаш? – Дијаспората не издаде…
Е сега јас вас нешто да ве прашам : Дали вие ја слушнавте таа песна? М? Дали навистина ја слушнавте или само онака ја претрчавте? Или не ни умеете повеќе да слушате , ни себе, ни некој друг.
PROUD е она кога твојата сестра на 6 години гледа Евровизија и вели ” И јас ќе пеам тука”, иако појма нема ни кој е самата таа во моментот , а не пак што е Евровизија.
PROUD е кога сме со месеци сите како на игли додека се одбира песна, фустан, настап и додека се исчистат сите добри намери од лоши идеи, за да на крајот се добие настап од кој времето застанува.
PROUD е кога таа ќе дојде на сцена,а јас имам впечаток дека се дошло. И како да никој пред неа не бил тука.
PROUD е кога камерата ќе прикаже полн кадар на почетокот на песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам, иако неколку секунди пред тоа не можев да дишам од трема.
PROUD е кога после настапот почнуваат да стигнуваат овации од сите страни, позиви, пораки, солзи, смеење, навивање.
PROUD е кога знаеш дека секогаш имаш на кој да се потпреш.
PROUD е кога по 15 години го земам виолончелото и апсолутно не ме интересира дали се провлекол некој фалш, бидејќи сакам уште еднаш (на свој начин) да покажам дека сум горда на себе, Тамара, целиот свој народ (а тој е на многу места ширум розевите линии на атласот) и на сите оние кои не се откажуваат од себе и своите соништа.
А овие дигитални (не)луѓе, нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди и се одеднаш ќе има поубава смисла.
PROUD. ❤️ pic.twitter.com/RSOneyxYkN
— Tijana Dapčević (@TijanaDapcevic) May 20, 2019