На утрешното финале на Евросонгот енигма е во која ложа, односно, со кој тим ќе биде нашиот композитор Дарко Димитров.
Имено, Димитров кој е еден од авторите на „Proud“ е и аранжер на песната „Круна“ на српската преставничка Невена Божовиќ која самата ги напишала музиката и текстот. Како што е познато и Тамара и Невена влегоа во утрешното финале во Тел Авив, па ќе биде интересно со кој тим ќе седи Димотров.
Инаку, покрај Дарко Димтров во тимот што ја компонираше „Proud се и Лазар Цветковски, Роберт Билбилов и текстописецот Коста Петров.