Овен (21.03 – 20.04)
Ќе си направите услуга на себеси доколку бидете позитивни цел ден, без оглед на тоа дали вашиот љубовен живот не е онаков како што очекувате, или пак ве изморуваат обврските на работа. Денес е ден за забава, заборавете на се друго.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес е идеален ден за рекреација, а вие и онака имате многу идеи. Во попладневните часови ве очекува излив на емоции, па затоа немојте да донесувате важни одлуки, бидејќи подоцна ќе се каете за направеното.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес е совршен ден за опуштање и романтика. Не мислете на ништо друго освен на вашиот партнер и приредете му едно изненадување кое ќе го памети. Во вечерните часови вашиот мозок може да биде напнат, па затоа најдете некое решение за да се опуштите.
Рак (22.06 – 22.07)
Сончево време и добра книга се совршен спој за денеска. Искористете го слободниот дел од денот за да се релаксирате читајќи книга и за вашите пријатели. Не запоставувајте ги членовите од вашето семејство, доколку веќе не живеете со нив, повикајте ги на семеен ручек.
Лав (23.07 – 22.08)
Доколку веќе некое време сакавте да поразговарате со партнерот за некои важни работи, денес е вистинскиот ден за тоа. Кажете му го вашето мислење за се, дури иако знаете дека можеби нема да му се допадне. Останете си во своја кожа, не правете се друга личност.
Девица (23.08 – 22.09)
Препуштете им на вашите колегите да ги извршуваат комплицираните работи, кои бараат многу напор. Некоја личност ви буди емотивно интересирање и добро расположние. Настаните кои ви претстојат ќе ви донесат среќа.
Вага (23.09 – 22.10)
Конечно вашето расположение оди во нагорна линија, а тоа веројатно се должи на настаните од изминатиов период. Некоја личност од минатото повторно ќе се обиде да ви се врати, а вие едвај чекате да ја продолжите романсата, но внимавајте на вашите останати обожаватели.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
И вие и вашиот партнер ќе бидете во емотивен период, секој на свој начин. Зборувајте отворено со него и кажете ги своите проблеми. Немојте да зборувате за работи кои претставуваат потенцијален ризик за вашите професионални интереси.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Личноста која ја сакате е збунета во врска со некои ваши постапки. Разјаснете ги работите на време. Важно е да да ја одржувате вашата репутација и добрите односи со колегите. Можно е да ви се случи недоразбирање на работното место, но извлечете поука од сето тоа.
Јарец (22.12 – 20.01)
На вашиот љубовен живот потребен му е излез од монотонијата. Затоа, изведете ја вашата сакана личност на вечера и приредете и романтично изненадување, а доколку не сте во врска, соберете храброст и поканете ја на состанок личноста која ви се допаѓа.
Водолија (21.01 – 19.02)
Потребно е да вложувате повеќе труд и одговорност на професионално поле, во спротивно може некој друг да го заземе вашето место. Направете некој баланс помеѓу пријателите и партнерот, бидејќи толку многу поминато време со партнерот брзо прераснува во монотонија.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но се уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.