Во врска со текстот „ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ: Инцидент на летот Скопје – Берлин“, објавен на нашиот портал, од една маркетиншка агенција која го застапува ТАВ, ни беше испратен демант, иако ние видливо наведовме во текстот дека тој е преземен од друг медиум. Сепак, ние го објавуваме демантот интегрално, како што го добивме:
„Тврдењето дека со патниците се комуницирало само на албански јазик е неточно. Во текот на настанот за којшто пишувате, еден вработен разговарал на албански со едно семејство, додека други вработени на останатите патници ги пренесувале потребните информации и на македонски и на англиски“ се вели во демантот.