Кога за прв пат се појави во филмот “Зоне Замфирова“, Јана Милосављевиќ беше преслатко девојче, но беше рано да се предвиди нејзината актерска кариера.
Потоа медиумите нејзе ја преставуваа како ќерка на фронтменот на групата Галија, Ненад Милосављевиќ, попознат како Неша.
Јана продолжила да се занимава со глума, но најголема контраверзност предизвика кога се омажи за 23 години постариот режисер Филип Гаиќ. Сега Јана има 29 години а со својот сопруг го имаат синот Јоаким. Интересно е што Филип од претходниот брак со ќерка му на Раде Шербеџија, Луција има две деца.