Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопат Скопје-Куманово после наплатната станица Петровец.
Според неофицијални извори во сообраќајката учествувале три возила: голф со скопски регистарски ознаки, „цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки и комбе со кумановски регистарски ознаки.
Сообраќајот беше во прекин на патот Скопје кон Куманово и се пренaсочуваше од старата клучка за Аеродром Петровец према Скопје.