Др Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd
( www.hairclinicbalkan.com )
АГА (андрогенетска алопеција) афектира дури 30% од мажите и 20 % од жените до 30-тата година и приближно 50% од мажите и 40 % од жените преку 50 години. Освен зголемениот број на луѓе со губење на косата, зголемена е и побарувачка на ефективни третмани кои го превенираат постоечкото губење на косата и стумулираат раст на нова коса со добра густина и квалитет.
Cochrane анализата известува дека ефикасноста на финастерид и миноксидил кај опаѓање на косата варира меѓу 40-60%. Тоа имплицира дека значаен број на пациенти продолжуваат да ја губат косата независно од третманот со миноксидил и финастерид.
Една од причините за тоа се бројните фактори кои се имплицирани во патогенезата на губењето на косата, кои го вклучуваат не само влијанието на ДХТ (дихидротестостерон) туку исто така и воспаление, гени, сигнални патишта (стимулативни патишта како Wnt/B catenin, stat 3 и Shh и инхибиторни патишта како Dkk-1, Dickkopf-related protein 1 и BMP 4), фактори на раст, активација на матични клетки во протуберанцијата на фоликулот и подобрување на васкуларизацијата.
Постоечките конвенционални третмани како финастерид и миноксидил не делуваат на овие нивоа. Новите опции за третман, како ПРП плазма третман, ПДО третман, Колаген Индуцирачки Третман, Микро ФУЕ делуваат на матичните клетки и сигналните патишта поттикнувајќи го растот на косата. Овие методи всушност го користат сопствениот потенцијал на фоликулот за регенерација преку стимулација на клетките кои го формираат влакното и преку подобрување ја комуникацијата меѓу клетките. Дополнително доаѓа до формирање на фоликули de novo во услови, во зони каде трајно е изгубена косата.
Благодарение на матичните клетки и нивните сигнални механизми, регенеративната медицина на косата, напредна на ново ниво обезбедувајќи резултати кои порано не биле возможни.