Почина новинарот Марјан Блажевски

by Тони Зографски

По кратко боледување, денеска почина новинарот Марјан Блажевски.

Тој беше роден во 1968 година во Скопје, а најголемиот дел од својата професионална кариера ја помина во дневниот весник „Дневник“.

Почетоците на Блажевски беа во скопската рубрика на весникот, а потоа продолжи да работи како новинар во економската редакција на која долги години беше и уредник.

По згаснувањето на „Дневник“, тој беше соработник на порталот Фактор.

останати вести