Овен (21.03 – 20.04)
Денеска очекувате вести и одлуки, но грижата за тоа нема да го забрза процесот ни секунда. Во ваквите моменти најдобро е да си најдете што повеќе работа, да го занимавате умот со нешто конкретно и корисно, наместо нервозно да шеткате наоколу и да прашувате прашања кои сте ги поставиле пред пет минути по десетти пат.
Бик (21.04 – 21.05)
Понекогаш едноставно знаете да бидете во право и да одите право напред, без да се свртите позади. Баш денес е пропорачливо тоа, и да можете да бидете барем два чекори пред другите и да стекнете недостижна предност. Немојте притоа да постапувате како типичен Бик, со главата во ѕид, употребете малку интуиција.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес сте многу осетливи и чувствителни, па внимавајте на тоа со кого го трошите вашето време. Би можело и да е и залудно, а таквите работи вас секогаш ве погодуваат посилно од што сакате. Затоа, памет во глава и не влетувајте во празни врски, туку мирно седете на страна и обидете се ситуацијата да ја гледате од повеќе страни.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес потребно ви е добро друштво, интересен и интелегентен разговор кој не бара размислување за мотивите и теориите на заговор. Дозволете си релаксација, оставете да ве понесат чуствата и немојте да се грижите што некој мисли за вас, барем денес. Нормално, тоа не значи дека можете да излезете од дома во пижами.
Лав (23.07 – 22.08)
Како што вообичаено точно знаете што навистина сакате, денес некоја понуда ќе ви дојде како џокер. Сепак не можете се сами, затоа добро размислете со кого влегувате во односи и одберете со кого ќе воспоставите хармонични односи, инаку одличната идеја ќе има катастрофална изведба и непроценливи последици.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес има голема шанса да сретнете личност која има повеќе проблеми од вашите, па така ќе помислите дека всушност сте родени под среќна ѕвезда. Иако со денови се чувствувате како да ви се срушил светот, не губете нерви ни надеж, ситуацијата денес ќе почне да се решава, па затоа главата горе и тргнете напред.
Вага (23.09 – 22.10)
Ако сакате да направите големи работи во животот, почнете конечно да се движите на патот кон целта. Кога е успеете да направите најмногу што можете сами, без помош, ќе сватите дека животот и не е така комплициран како што ви се чини, а денешниот ден е создаден за нов почеток.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес многу сте амбициозни и оптимистични кон иднината, но внимавате тој ентузијазам да не ве понесе премногу. Лесно би можеле да превидите некои важни ставки кои на прв поглед ќе ви се чинат едоставни. Иако е сабота, ангажирајте го мозокот и се ќе биде онака како што сакате.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Работите се ретко онакви какви ни се чинат, така да подобро би било да се свртите преку рамена и да проверите дали можеби сте рекле или направиле нешто што би можело да е погешно разбрано. Внимавајте на своето однесување, затоа што денов ќе биде прилично долг и полн со чудни ситуации во кои лесно би можеле да се изгубите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес би можеле да дојдете до неколку разговори во кои ќе преовладува недоразбирање и лоша комуникација. Како што сте секогаш подготвени за такви ситуации, искористете ја својата моќ на убедување и постигнете ги саканите цели. Сепак бидете суптилни и внимателни да не ги предизвикате несаканите реакции од завидливите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес сакате да ги споделите своите мисли и планови со другите, а резултатите од тие разговори би можеле да бидат одлични, затоа што ќе најдете соговорници кои сами ќе ви укажат на некои работи гледни од друг агол. Отворете ги ушите и вклучете го мозокот, ќе профитирате од се што ќе слушнете.
Риби (20.02 – 20.03)
Лесно би можеле да го поминете денот обидувајќи се да направите се што сте си зацртале и истовремено да ги задоволувате желбите на околината. Таквата ситуација ќе ве научи на подобра организација на времето и помалку ветувања кои можете да ги исполните. Затоа, уште утринава средете си ја вашата „то до“ листа за денес.