Милена А. Милошевска на својот Фејсбук профил информира дека вчера на скопскиот плоштад „Македонија“ имало расистички напад врз нејзините три малолетни деца. Како што пишува мајката, покрај вербалните навреди упатени кон нејзините деца, синот бил и физички нападнат.
„Син ми Нишон (13г.) и неговите брат и сестра (9г.) одејќи кон музичкото училиште, на плоштадот Македонија во родниот ни наш град Скопје. Биле нападнати вербално на расна основа од страна на двајца млади мажи околу 20г.Им го попречувале патот и ги нарекувале “Niggers”. Син ми, НИШОН е удрен со многу силна тупаница по главата (повреден) поради тоа што ги прашал дечките зошто ги навредуваат и дали тоа го прават на секој поразличен физички од нив…
Имало луѓе наоколу, но никој ништо не сторил во моментот…
Дечките избегале, јас како мајка случајот, потоа, го пријавив во полиција и им ветувам на моите деца, дека јас како нивен протектор, ОВДЕ,ДОМА во Р.С.М. Нема да дозволам повеќе да бидат/бидеме вербално и физички напаѓани без никаква основа, а никако па на расна основа…
Значи навреди како: “Nigger”,”Црнчуго”, Циган”, Црн ко гомно” не се ЗАБАВНИ и нема да пројдат онака“ напиша мајката.
Од МВР соопштија дека вчера во 21.40 часот бил пријавен случајот од страна на мајката на децата и дека се работи на расчистување на случајот.