Овен (21.03 – 20.04)
Веќе е краен момент да се ослободите од притисокот што го чувствувате . Свесни сте дека треба да свртите нов лист и да внесете промени кои ќе ви го подобрат животот. Денес на работното место една колешка ќе ви каже нешто што ќе ве освести и ќе ве натера да ја побарате вината кај себе. Не влегувајте во конфликтни ситуации и дозволете им на луѓето околу вас да кажат што мислат.
Бик (21.04 – 21.05)
За вас е најдобро да ги игнорирате озборувањата и да се концентрирате на својата работа и на успесите што ви претстојат. Партнерските односи ви се стабилни. Партнерот е многу романтичен и бара внимание. Можеби не можете во потполност да сфатите што се случува со него, но ќе морате да се обидете да одговорите на неговите барања.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес ќе забележите некоја напнатост кај колегите. Бидете внимателни и не се обидувајте да се објаснувате. Веќе од утре ситуацијата ќе се смени и ќе се докаже дека за многу работи сте биле во право. Ако имате сопствен бизнис, денес ќе завршите некој проект кој во иднина ќе ви донесе редовни финансии. Партнерските односи ви се смируваат и чувствувате дека започнувате ново поглавие во вашите односи.
Рак (22.06 – 22.07)
Денешниов ден ќе го поминете на вообичаен начин. Ќе бидете опуштени и смирени и во очекување на некои промени кои ви се ветени во изминатиот период. Денес е можен и помал прилив од некоја хонорарна работа. Ако сте невработени, денес ќе добиете известување во врска со некоја работа која треба да ја отпочнете за кратко време.
Лав (23.07 – 22.08)
Доколку сакате да го смените работното место или очекувате некоја промена во рамки на фирмата во која работите, денес ќе чуете глас кој ќе ве расположи. Денес е краен момент да направите подготовки за наредниот период. Од утре многу работи ќе се сменат и ќе почнат да се решаваат.
Девица (23.08 – 22.09)
Елоквентноста ви е зголемена и ќе инсистирате на фактот дека вашето размислување е единствено правилно. Ако сте осамени, не очекувајте премногу од новото познанство. Личноста е нестабилна и не одговара на вашиот сензибилитет.
Вага (23.09 – 22.10)
Време е да застанете и да го живеете моментот. Големите планови оставете ги за некои идни времиња. Ве очекуваат пријатни изненадувања. Можно е да добиете повик од странство од личност со која одамна не сте во контакт. Дури и најзборливите Ваги ќе останат без текст. Доколку сте во брак или постојана врска, обидете се да останете смирени и да не му се спротивставувате на партнерот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Големите планови ќе бараат ваш потполн ангажман и поради тоа искористете го овој ден на најдобар можен начин. Можно е да отидете на пократок пат. Партнерските односи ви се добри. Партнерот има потполна доверба во вашите идеи и верно ве следи. Бидете внимателни и не си го нарушувајте мирот флертувајќи наоколу.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Во изминатиот период бевте премногу ангажирани околу работата и не можевте да се посветите на семејството. Финансиската ситуација ви е добра, но сепак внимавајте на трошоците. Зафатите што сакате да ги направите можат да чинат повеќе отколку што сте планирале. Ако сте слободни, може да се случи да отидете на средба која ќе ја држите во тајност.
Јарец (22.12 – 20.01)
Се наоѓате на раскрсница што да одберете. Свесни сте дека времето полека одминува и од вашите сегашни одлуки ќе зависат многу работи во иднина. Личноста која ви се допаѓа на моменти ви се чини дека е несериозна и не може да одговори на вашите барања. Опуштете се и дозволете му на времето да ги реши вашите дилеми.
Водолија (21.01 – 19.02)
Партнерските односи во изминатиот период ви беа незадоволителни и непредвидливи. Ситуацијата нема да се смени, но ќе се смени вашиот став према проблемите. Чувствувате дека полека ја прифаќате ситуацијата таква каква што е и се мирите со судбината. Слободните ќе се чувствуваат како повторно да се тинејџери.
Риби (20.02 – 20.03)
Трошоците ќе бидат поврзани со убави нешта, но сепак се удар за вашиот семеен буџет. Можно е да одите на некоја семејна веселба на која ќе треба да се покажете во вистинско светло. Вие ретко одите на такви средби, но оваа нема да можете да ја избегнете. Затоа е најдобро да ја прифатите ситуацијата таква каква што е и да уживате опкружени со семејството.