Овен (21.03 – 20.04)
Денес имате голема потреба да се докажете пред семејството и постојано го барате нивното одобрување. Зголемената потреба за љубов ве тера да правите некои отстапки кои вообичаено не ги правите. Задоволни сте со постигнатото, но како да фали нешто за да бидете исполнети. Денес ќе се преиспитувате и ќе се прашувате дали правилно постапувате.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес вашите емоции ќе бидат свртени кон работата и ќе се враќате во минатото за да можете да сфатите како сте ги направиле пропустите во работата. На крајот на денот ќе дојдете до сознанието кое толку време го баравте во своите мисли. Горди на себе ќе направите план за идните чекори.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес ќе бидете во центар на вниманието и ќе уживате. Позитивната енергија што ја ширите околу себе нема да остане незабележана. Ако сте слободни можно е токму овој викенд да ја сретнете личноста на вашиот живот. Близнаците што се во брак ќе забележат дека партнерот се менува во позитивна смисла и дека многумина го забележуваат.
Рак (22.06 – 22.07)
Наместо да се правдате најдобро е да свртите друг лист и да ги игнорирате критиките упатени кон вас. Во попладневните часови ве очекува вест во врска со некои финансии кои треба да ги добиете. Тоа ќе ви ја врати самодовербата и ќе се чувствувате гордо.
Лав (23.07 – 22.08)
Емотивните кризи кои ги имавте во изминатите неколку дена полека почнуваат да стивнуваат. Преиспитувањето околу работите што требале да се направат и оние што навистина се направиле веќе почнува да ве заморува. Во попладневните часови ве очекува еден интересен разговор се една видна личност. Признанието што ќе го добиете ќе ве направи горди и ќе ги избрише сите сомнежи што ги имавте.
Девица (23.08 – 22.09)
Веќе сте уморени од размислувањата за кариерата и за промените кои сакате да ги направите. Цело време одите напред-назад и не знаете што навистина е добро за вас. Врзани сте за минатото, но сакате нешто да смените. Денес ќе почувствувате дека направивте се што можело да се направи и дека е време да се препуштите на судбината.
Вага (23.09 – 22.10)
Доколку планирате да патувате нс летување престанете да се измачувате со семејните проблеми. Оставете го минатото зад себе и се она што можело да биде а не било и препуштете се на убавите мигови што ве очекуваат. Во вечерните часови променливото расположение ќе ве напушти и ќе се почувствувате силни и способни да направите многу работи.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Неколку дена наназад ве измачува односот со некој семеен пријател. Во дилема сте дали тој има преголемо влијание врз вас и дали е време да се дистанцирате. Веќе почнува да ви пречи зависноста и потребата да се консултирате за се што ви се случува во домот. Се чувствувате силни и способни сами да донесувате одлуки. Денес е добар ден да ги завршите сите започнати работи
Стрелец (22.11 – 21.12)
Размислувате околу партнерските односи и потребата за емотивна сигурност. Колку голем напор и да направите, имате чувство дека сето тоа не ви е дадено. Но, вие упорно барате место каде што ќе постигнете сигурност и ќе ја осетите топлината на домот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес најголем проблем ќе ви биде финансиската конструкција што треба да ја направите. Ќе размислувате околу повеќе решенија и ниедно нема да ви се допадне. Грешките што ги направивте во минатото повторно ви се враќаат, заедно со стравот истото да не ви се повтори. Во попладневните часови, изморени од напливот на емоции и размислувања, ќе сфатите дека треба да се одморите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес во текот на денот ќе донесете одлука дека е време да се посветите на себе и на своето уживање. Разговорот што ќе го направите денес ќе биде пресвртница. Свесни сте дека не можете да направите повеќе од она што сте го направиле и конечно ќе ви олесни.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес ќе донесете некоја важна одлука во врска со семејството. Веќе неколку дена го одлагате тоа и денес ќе морате во последен момент да решите што ќе направите. Свесни сте дека морате да се ослободите од некои сенки од минатото за да можете да продолжите понатаму и да се посветите на она што навистина го сакате.