Aвтомобилот со кој е ограбена НЛБ Банка во Чаир е пронајден како гори во близина на Серава, пишува „Коха“.
Тој е пронајден заапален, а се претпоставува дека со него била ограбена банката. Според неофицијални информации, ограбувачите го оставиле автомобилот, го запалиле и избегале со друго возило во непознат правец.
Од МВР претходно информираа дека кражбата се случила утринава во 10.30 часот. Неколку лица влегле во банката на ул.Ферид Бајрам и одзеле пари.
„Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата, презмени се мерки и активности од полициски службеници“, соопштија од МВР.