Кејт Мидлтон купува разни величини на чевли во зависност од брендот на чевлите.
Па така, чевли со потпис на Џими Чу купува во величина 38,5, а на Руперт Сандерсон во величина 38. Кога станува збор за сандали со потпис на Л.К. Бенет, Кејт носи величина 39 бидејќи тие обувки имаат отворени прсти, па војвотката сака да избегне да ѝ отечат стапалата на разни настани.
Војвотката од Кембриџ не е единствениот член на кралското семејство кој понекогаш носи еден број поголеми чевли. Меган Маркл исто така ја користи оваа техника за да избегне непријатност и плускавци.
„Познати личности често носат малку поголеми чевли на црвениот килим или други настани со цел да се избегнат плускавци. Сè зависи од тоа како се чувствувате кога ќе ги обуете чевлите и малку прошетате во нив, понекогаш е подобро да купите поголема величина од онаа што вообичаено ја носите. Италијанските чевли често имаат поголеми калапи, па затоа купувам половина број помали чевли“, вели модната уредничка на списанието „Хелоу“, Рејчел Стори.