Средношколец од скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин утрово паднал по пожарникарски скали во хотел во Прага, објави 24 инфо.
Инцидентот се случил кога средношколецот застанал на прозор да пуши цигара, по што изгубил контрола и паднал.
Ученикот се здобил со повреди, однесен е на преглед во една од болниците во градот.
Директорот на училиштето Драган Арсовски ја потврдил информацијата и рече дека ученикот е без посериозни последици.
Инаку, средношколците пред неколку денови заминале на ескурзија низ неколку европски земји.