Овен (21.03 – 20.04)
Денес, криете нешто на интимен план од многу ваши блиски лица. Емоциите ќе ве обземат и ќе заборавите дека вашето семејство може да забележи оти нешто се случува со вас. Потрудете се да бидете повнимателни зашто ќе наидете на безброј прашања на кои нема да можете да дадете одговор. Вашите тајни нека останат само ваши.
Бик (21.04 – 21.05)
Полека ве напушта волјата да седите дома и да им угодувате на домашните. Видовте дека вашиот труд тие го сфаќаат буквално и воопшто не обрнуваат внимание на тоа што го правите. Денес ќе се сретнете со еден пријател и во тајност ќе си ги кажете маките. Во текот на разговорот може да ви се роди идеја како да заработите дополнително, а притоа да уживате во работата.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Во последно време вниманието ви е расфрлано на повеќе страни и никако да се концентрирате кон една работа и да ја истуркате до крај. Освен што размислувате за работата, имате притисок и од фамилијата. Тие имаат некои очекувања од вас кои вие не можете а и не сакате да им ги исполните. Денес вешто ќе успеете да го избегнете соочувањето.
Рак (22.06 – 22.07)
Долго време сте обземени со работата и со финансиите, така што денес ќе почувствувате потреба да застанете и да размислите за се. За вас храната не претставува задоволство, туку начин на преживување, но денес ќе добиете желба да ја поминете вечерта во некој ресторан каде што има добра храна.
Лав (23.07 – 22.08)
Денес, се чувствувате среќни и сакате дел од таа среќа да ја поделите со луѓето што ги сакате. Многу сте горди на своите кулинарски вештини и денес ќе сакате да зготвите нешто посебно за вашите најблиски. Размислувањето околу рецептите оставете го за попладневните часови, затоа што вашиот шеф може да забележи дека со мислите сте на друго место и да ви упати критика.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес очекувате пари кои ќе ви помогнат да закрпите некоја дупка во домашниот буџет. За таа цел ќе прифатите краток службен пат, на кој освен финансиска добивка, ве очекува и добра забава. Пред да тргнете, направете ги сите неопходни подготовки затоа што се можни мали незгоди во текот на патувањето. Во комуникацијата со колегите не ги изнесувајте своите ставови, може да се случи да кажете нешто што не сакате.
Вага (23.09 – 22.10)
Иако чувствувате дека енергијата ви паѓа и не настапувате остро како порано, сепак, денес нема да отстапите од своите планови. Имате вложено голема надеж во проектот кој го работите во тајност. Денес ќе се двоумите кому прво да му ја кажете идејата, дали на пријателите или на фамилијата.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес ќе бидете посебно расположени за дружба. Едвај чекате да го слушнете најновиот муабет за еден пријател и да ја задоволите вашата љубопитност. Озборувањето ќе ве опушти и на кратко ќе заборавите на натрупаните работни обврски.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ако имате партнерски односи во бизнисот или работите заеднички на некој проект, денес ќе се обидете да ги усогласите ставовите со партнерите. Тоа ќе ви оди многу тешко бидејќи имате различно гледање на работите. Вие имате идеалистички пристап кон се, па така и кон работата, а тоа ги избезумува партнерите. Воопшто не им е јасно како можете да правите планови без цврста финансиска подлога.
Јарец (22.12 – 20.01)
Во попладневните часови, критиката што ја добивте од партнерот во врска со однесувањето, ќе ве натера малку повеќе да се потрудите околу него. Денес ќе сакате да се искупите со тоа што ќе испланирате интимна вечера. Партнерот ќе биде навистина пријатно изненаден и одушевен од вашата идеја.
Водолија (21.01 – 19.02)
Вашето опкружување забележува дека нешто се случува со вас и на секој начин сака да дознае за што се работи. Денес ќе се потрудите да дадете дипломатски и нејасен одговор на нивните прашања, но тоа нема да ги задоволи. Соземете се, затоа што на овој начин предизвикувате озборувања.
Риби (20.02 – 20.03)
Она што најмногу ве измачува и ве спречува веднаш да започнете со проектот е недостатокот на финансии. Денес ќе имате потреба да се консултирате со една личност во која имате потполна доверба. Таа ќе ви даде потполна поддршка и ќе ви вети дека ќе учествува во реализацијата на вашата идеја.