Најдолгиот аплауз за Билјана Беличанец

by Тони Зографски

Семејството, колегите, пријатели денеска за последен пат се простија од актерката Билјана Беличанец. На комеморацијата во Драмскиот театар во Скопје присуствуваа сопругот Сашо Миленковски, нејзините две дечиња, како и голем број од актерите, режисерите од театрите низ земјава.

Дејан Лилиќ рече дека е премногу тешко што истата таа сцена сга ја испраќа во вечноста.

– Не е фер. Требаше уште мнгоу да работиме заедно, јас, ти и твојата весела дружина. Билјана, никогаш нема да бидеш минато, секогаш ќе бидеш со нас во сегашноста. Оние што добро те познаваат, знаат дека си голем човек со огромно срце и душа и за себе и за сите нас. Ти не глумеше на сцената, ти живееше овде, ѕвер од актер и ангел од човек – рече Лилиќ низ солзи.

Драган Спасов – Дац како еден од колегите со кого често настапуваат партнерски на сцената рече:

„Нè остави збунети и во болка, нè остави да замислуваме што уште можеше да направиш овде. Ти едноставно на сцената беше Билјана Беличанец. Ти на оваа сцена беше мојата Сара, Цвета, Сузана, Билјана Беличанец. Лука и Мона, да се гордеете со мајка ви оти имате силна причина за тоа“, рече Дац.

Актерката Снежана Коневска – Руси се потсети на нивните приватни дружби

– Додека мене моливот со идеи ми стана тап, ти имаше безброј идеи во себе. Биле, ќе те чекам…или барем ти чекај ме мене – рече Коневска – Руси.

Од гледалиштето на сцената на која одигра најголем број улоги и претстави, актерката Билјана Беличанец го доби најдолгиот и најгласниот аплауз.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com