Пожар што избувнал синоќа на планината Водно, во пределот над Клиниката за детски болести „Козле“ е под контрола. Во гаснење на пожарот интервенираат три возила и десет пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Инаку, како што објави порталот “Република“ пожарот на Водно избувнал во сандаци со пчели, блиску до една шупа Локализирани се 80 проценти од огнот. Има зафатено дел од мала просторија, неколку сандаци со пчели и зеленило, велат оттаму.