Деветнаесетгодишно момче од Кочани е приведено поради смртта на неговиот 66-годишен дедо.
Како што соопшти МВР, шеесет и шест годишниот С. М. од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот внук В.З.(19), починал во Клиничката болница Штип. На С.М. од страна на внукот му биле нанесени повреди со метален предмет и камен во пределот на главата.
Телото на починатиот е предадено на обдукција. В.З. е приведен и задржан во Полициската станица Кочани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител.