ВАША ОРДИНАЦИЈА: Подготовка на кожата за првите пролетни сончеви денови

by Тони Зографски

 

Д-р Искра Петровска Шешова

Специјалист Дерматовенеролог

Дерматолошко Естетска Ординација Д-р Искра

 

Со појавата на првите сончеви зраци и доаѓањето на пролета, ни се навестува да почнеме со подготовка на нашата кожа за пролетните денови. Самото зимско време и ниските температури ја сушат кожата и ја намалуваат нејзината влажност, свежина и виталност. Поради тоа од особена важност е да ја подготвииме кожата за убавите сончеви денови  кои ни престојат.

Пролет е идеално време да почнеме со здрава исхрана која содржи повеќе зеленчук и овошје со цел да направиме детоксикација на целото тело. Тоа значи внесување повеќе течности, посебно вода до 2 литри.

-Да посетиме дерматолошка ординација за да се консултираме со нашиот дерматолог за соодветна нега на кожата во пролет.

-Да користиме креми за хидратација кои ќе ја подобрат влажноста и свежината на нашата кожа.

-Да користиме креми со СПФ 30 со цел да се заштитиме од  првите сончеви зраци.

-Темелно да го исчистиме лицето – механичкиот пилинг со дијамантска дермоабразија и хемискиот пилинг се идеално решение за кожата. Со помош на овие две методи ќе ги отстраниме мртвите површински клетки и ќе овозможиме побрза ревитализација (обновување на кожата), подобрување на микроциркулација, чистење на порите и полесен внес на активни материи кои се присутни во кремите за нега.

Идеален период да се направи и мезотерапија со хијалуронска киселина и мултивитамински коктели кои ќе и ја вратат свежината, виталноста, влажноста и еластичноста на кожата.

Целулитот (наталожените масни наслаги) со масажни третмани и мултивитамински коктели се идеални во овој период да го дочекаме летото со мазна и кожа без целулит.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com