Трихолог д-р Елена Арсова
Габичните инфекции на ноктите се инфекции предизвикани од дерматофити, но, исто така и од кандида и недерматофити, кои успеваат и се развиваат во овие услови. На пример, дерматофитната Trichophyton rubrum, е одговорна за околу 90% од сите инфекции на ноктите. Ги зафаќа повеќе мажите отколку жените, и се почеста е со стареењето на луѓето. Се јавува почесто на ноктите на нозете, отколку на ноктите на рацете и затоа нозете почесто се споменуваат. Во двата случаи, третманот и следствените резултати се слични.
Овие габички се хранат од кожата, ноктите. Најчесто има оштетување на ноктот или кожата за габичките да продрат во ткивото и да почнат да се размножуваат.
Габичните инфекции се лоши на изглед. Ноктот станува задебелен или безбоен; може да пожолти, да стане кафеафкаст, портокалов или во бела боја. Може да има и црни делови на крварење, како резултат на траума, или делови со темно зелена боја како резултат на бактериска инфекција.
Ноктите може да станат кршливи или да се дробат, да се трошат. Во некои случаи остатоци се собираат под ноктот и имаат непријатен мирис.
Додека некои на габичната инфекција гледаат само како на чисто козметички проблем, ноктите стануваат задебелени, тотално безбојни и трошливи, што може да предизвика значителен срам и самосвест.
Може да биде болна додека одите, може да развие зрна на страна од ноктот и со тоа станува невозможно да се скрати ноктот, предизвикувајки зараснување на ноктот во месото. Покрај тоа станува извор на габи, што во континуитет може да ја инфицираат кожата на ногата.