Припадничка на АРМ: „Браво за монструмот од Нов Зеланд“!

by Тони Зографски

-Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот“, човекот во Нов Зеланд. Браво, бравоо-напишала припадничката на артилериската единица на АРМ Татјана Лазаровска на својот ФБ профил и крена паника во јавноста, со остри критики и осуди и во медиумите но и од Генералштабот на војската во Скопје.

Лазаревска, ангажирана како професионален војник, во артилериската единица, поради тој предлог, како што е оценето, на социјалните мрежи шири омраза.

Од АРМ потврдуваат дека Лазаровска е вработена како професионален војник. Од таму го осудуваат нејзиниот коментар и велат дека ќе биде покрената дисциплинска постапка.

Инаку, за нејзиниот застрашувачки коментар пишуваат и регионалните медиуми.

останати вести