Во тешката сообраќајка која што се случила на магистралата Гостивар – Кичево, има шест повредени.
Според информациите во сообраќајката учествувале “бмв“ со гостиварски таблички и тетовски “пасат”, кои се движеле во спротивни правци и кои директно се судриле.
Повредените се пренесени во гостиварската општа болница каде се утврдува видот и карактерот на повредите.