ВАША ОРДИНАЦИЈА: Што значи облачеста урина?

by Тони Зографски

 

Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска

интернист-нефролог

ПЗУ Промедика Медикал Центар

 

Има многу причини за појава на облачеста урина, од одредени болести и состојби во организмот до навиките во исхраната.

Течности, соли и отпадни продукти се трите главни компоненти на урината кои телото ги излачува постојано.  Нормално урината е светло жолта и бистра. Облачеста урина почесто се јавува кај жени отколку кај мажи.

Има повеќе прични за облачеста, матна урина.

Дијабетес – при бубрежна болест кај дијабетес може да се јават отпадни материи во урината кои ја прават облачеста.

Инфекции на уринарните патишта – инфекции на мочен меур (циститис) и на бубрег (пиелонефритис)

Бубрежни каменчиња

Дехидратација – поради зголемената концентрација на урината таа може да е матна и oблачеста.

Прoмена на пХ вредноста на урината– зголемена количина на фосфати (хиперфосфатурија) или урати може да предизвика алкална или кисела урина и евентуално облачеста.

Хиперурикозурија – зголемено излачување на урична киселина со урината.

Пиурија – зголемен број бели крвни клетки (леукоцити) во урината. Се јавува при инфекции на уринарните патишта, циститис, пиелонефритис, гонореа, некои лекови.

Хилурија – се случува кога лимфатичната течност која носи масти и бековини низ телото и го одржува имунолошиот систем здрав, протеува во бубрезите. Се јавува при инфекција со некои паразити, тумори, траума.

Липидурија – масти во урината, многу ретко се јавува.

Зголемено производство на цервикален мукус кај жени во овулација – цервикалниот мукус има млечна текстура и изгледа бело и жилаво. Мукусот може да се помеша со урината и да и даде облачест изглед.

Габична инфекција – најчесто габичката Кандида албиканс расте во вагината што предизвикува густ, бел и како урда исцедок кој може да се помеша со урината.

Бактериска вагиноза – вагинална инфламација која се јавува поради бактериска нерамнотежа. Се јавува редок и сиво-бел исцедок кој може да се помеша со урината.

Сексуално преносливи болести – хламидија, гонореа, трихомонијаза кои даваат сив или бел исцедок.

Простатитис – инфламација на простатата најчесто од бактериска инфекција. Има исцедок кој може да се меша со урината и таа да стане облачеста.

Ретроградна ејакулација – се јавува поради несоодветна контракција на мускулот кој спречува спермата да влезе во мочниот меур. Тогаш урината може да биде облачеста или да содржи траги на сперма.

Ентеровезиална фистула – врска, отвор помеѓу цревата и мочниот меур. Се јавува поради дивертикулоза на цревата, Кронова болест, канцер.

останати вести