Секој хороскопски знак има поинаков стил на облекување. Прочитајте ги основните карактеристики на Вашиот знак.
Овен
Овните сакаат да бидат трендсетери во модата. Имаат добар вкус и секогаш имаат потреба да се истакнат помеѓу останатите луѓе со секси облка што ќе им даде самодоверба и чувство на моќ. Тие се природни авантуристи, па така сакаат да експериментираат со стиловите.
Бик
Биковите претпочитаат удобност, пред сѐ останато. Не се трудат да ги следат модните трендови, но сакаат да се облекуваат во скапа, брендирана облека. Сакаат материјали кои се меки на допир, како свилата и памукот. Секогаш се трудат да бидат беспрекорно дотерани.
Близнаци
Близнаците се природно љубопитни, па затоа ги следат модните трендови, од проста причина што бргу им здосадуваат старите. Не се грижат кое име стои на облеката, не се грижат колку е модерно парчето облека, доколку тоа што го носат добро им стои и изгледа убаво. Сакаат меки материјали и секогаш го купуваат првото нешто што ќе го пробаат во бутикот.
Рак
Раковите најчесто се облекуваат според моменталното расположение. Понекогаш може да им се допадне некое парче облека, но штом им се промени расположението што го имале тогаш, многу лесно може да се смени и изборот на облека. Кога се меланхолични сакаат да се облекуваат во црно-бели комбинации, а кога се среќни во светли бои.
Лав
Лавовите сакаат да живеат со стил, па затоа секогаш се одлучуваат за елегантна, добро скроена облека која привлекува внимание. Лавовите имаат потреба да бидат облечени најдобро од сите, па така, дури и кога нешто им изгледа финансиски недостижно, ќе направат сѐ за да дојдат до него. Името на марката и цената се пресудни при изборот на облека на луѓето родени во овој знак.
Девица
Девиците посветуваат доста внимание на стилот на облекување. Најчесто се минималисти и со потсмев гледаат на модерните парчиња облека кои го оневозможуваат нормалното движење. Трошат многу пари на облека и речиси без исклучок ги прескокнуваат попустите во бутиците.
Терезија
Терезиите имаат специфичен вкус за облекување. Карактеристично е тоа што речиси никогаш не се задоволни од својот изглед. Трошат премногу време на изборот што да облечат или пак што да купат и не се откажуваат додека не го најдат совршеното парче облека. Терезиите имаат тенденција да комбинираат класични со модерни елементи.
Скорпија
Скорпиите имаат конфузен стил на облекување. Имаат тенденција да се облекуваат според пригодата којашто им претстои и немаат некои однапред одредени правила. Обично го облекуваат тоа што ги задоволува нивните потреби или пак, она што ќе им помогне да си ја остварат целта.
Стрелец
Стрелците имаат авантуристичка природа. Претпочитаат да бидат излезени наместо да седат дома и логично, тоа се одразува во нивниот стил на облекување. Најдобро се чувствуваат во широка и удобна облека и не се оптоваруваат со модните трендови.
Јарец
Јарците се облекуваат незабележливо, сѐ до моментот кога ќе посакаат да станат центарот на внимание. Речиси никогаш нема да видите тренерки во нивната гардероба, а изговорот за тоа е дека не можат да купат сѐ. Секогаш се во потрага по евтина, класична облека по продавниците.
Водолија
Најважниот услов што една продавница за облека треба да го исполни во очите на водолиите е таа да има ниски цени. Водолиите се способни да најдат уникатни парчиња облека, по цена која многу нема да им го наруши семејниот буџет.
Риби
Рибите имаат едноставен стил на облекување, кој се должи на нивната чувствителност. Никогаш не се ограничуваат себеси во рамките на модните трендови. За рибите, облеката е показател за социјалната структура и доколку се во можност, со задоволство би се шетале голи. Флексибилни се при изборот на облеката и најчесто се одлучуваат да купат нешто само затоа што е неопходно.