Овен (21.03 – 20.04)
Викендов, концентрацијата ви е малку намалена, па можно е често да правите грешки на деловен план. Пробајте да се сконцентрирате. Можни се мали проблеми во комуникацијата со саканото лице.
Бик (21.04 – 21.05)
Се случуваат разни промени кога станува збор за вашата работа, но тоа не ве плаши ниту најмалку. Верувате во позитивниот исход. Доколку сте во врска, викендов со саканото лице ќе имате многу убави интимни моменти.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Викендов ве очекува прилика да дојдете до подобра заработка, па секако треба да ја искористите и да и се посветите на работата. Во љубовта ви следат возбудливи случувања, кои дури и ќе ве изненадат.
Рак (22.06 – 22.07)
Викендов можете да очекувате прилично опуштена атмосфера на полето за работа бидејќи нема да имате премногу важни обврски. На љубовното поле се оди онака како што сте планирале.
Лав (23.07 – 22.08)
Отворено покажувате незадоволство на овој план. Можно е да ви следи промена на работното место. Викендов во љубовниот однос ќе делувате премногу доминантно.
Девица (23.08 – 22.09)
Избегнувајте трошоци во текот на викендов бидејќи подоцна може да се покаете доколку претерате. Во љубовта ќе бидете склони на љубоморни испади.
Вага (23.09 – 22.10)
Можеби дошло време да се позанимавате со проблеми кои едно време прилично сте ги избегнувале. Викендов во љубовта ве очекува поволна ситуација, едноставно ќе уживате.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Викендов ве очекуваат некои промени на работното место, од вас зависи како ќе ги прифатите. Со саканото лице имате добар однос, уживате во моментите поминати заедно.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекува прилика да реализирате важна деловна соработка со лице кое го познавате од минатото. Не ги потиснувајте своите чувства. Викендов обидете се да се отворите во комуникацијата со саканото лице.
Јарец (22.12 – 20.01)
Помошта од страна на вашите соработници ви доаѓа во вистинско време. Нема потреба да се грижите за доловните проблеми. Викендов ќе успеете да оставите убав впечаток на лицето со кое флертувате.
Водолија (21.01 – 19.02)
Моментот не е поволен за големи промени, па викендво лесно би можеле да направите некоја грешка на ова поле. Во љубовта многу сте и посветени на саканата личност и она целосно ви верува, односот ќе ви биде прекрасен.
Риби (20.02 – 20.03)
Викендов ќе се ближите кон остварување на целта на која сте и биле посветени. Задоволни сте бидејќи гледате дека трудот не бил залуден. Во љубовта променливи сте, па саканото лице не знае дали може да се потпре на вас.