Српската актерка Неда Арнериќ заздравува откако пред три недели во несвест беше итно префрлена од својот стан во болница. Лекарите од ВМА во Белград ја стабилизираа нејзината состојба и сега актерката се чувствува многу подобро. А главна причина Неда Арнериќ да заврши во болница е големиот стрес што го доживеела.
– Неда е голем борец. Таа претходно била во тешка психичка состојба поради големиот стрес. Токму тоа ја одведе нејзе во болница. Некнотролирано ги испила лековите кои можеа да бидат фатални за неа, но на време стигна нејзиниот брат и ја спаси. Сега таа е многу подобро. Нормално комуницира со лекарите, насмеана е и убеден сум дека набргу ќе бида пуштена од болница. Тоа за неа во овој момент ќе биде најдобро бидејќи ќе има време да се дружи со семејството и пријателите, – изјавил извор од болницата.